ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

МАЛИ РАБОТИЛНИЦИ, ГОЛЕМИ ИСКУСТВА – ЗАПОЧНУВАМЕ СО НОВИ АКТИВНОСТИ

Во рамки на услугата „Лична асистенција“ започнавме со организирање на серијал едукативни и креативни работилници наменети за корисниците на услугата. Преку овие работилници, корисниците ќе имаат можност да стекнуваат нови знаења и вештини, да се информираат за различни теми од секојдневниот живот, да ги изразуваат своите интереси и креативност, како и активно да учествуваат во заеднички активности. Работилниците имаат за цел да поттикнат дружење, меѓусебна комуникација, размена на искуства, самостојност, самодоверба и поголема социјална вклученост. Исто така, преку практични активности се создаваат можности за учење преку искуство, развивање на личните потенцијали и откривање нови интереси и способности.
✨Како прва активност од овој серијал беше реализирана воведна средба, на која корисниците беа информирани за планираниот концепт на работилниците, начинот на нивно спроведување, темите и активностите што ќе бидат опфатени во наредниот период.
👩‍🍳🧑‍🍳По воведното информирање, следуваше и првата практична креативна активност – заедничка подготовка на чоколаден пудинг. Во улога на вистински мали готвачи, корисниците со голем интерес и ентузијазам се вклучија во подготовката, ги запознаа потребните состојки, учествуваа во различните чекори на подготовката и уживаа во заедничкиот процес.
Најважно од се, работилницата помина во насмеана и пријатна атмосфера, исполнета со дружење, забава и радост од заедничкиот резултат.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес