ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Заедно учиме англиски – нова активност во нашата организација

Започнуваме со изучување на англискиот јазик! 💙
🗣️Во нашата организација го одржавме првиот час по англиски јазик, како почеток на низата часови што во наредниот период ќе ги организира нашата волонтерка Лили од Мировен Корпус.
📖На часовите ќе учествуваат лица со попреченост, членови на нашата организација и корисници на социјалната услуга „Лична асистенција“.
Првиот час помина во пријатна атмосфера, со учење на нови зборови и изрази, разговор и многу позитивна енергија. 😊
Преку овие часови создаваме можности за учење, стекнување нови знаења и развивање нови вештини. 🌱✨
💙 Благодарност до Лили за нејзината посветеност и желба да го сподели своето знаење со нашите членови и корисници.

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес