ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ЗАЕДНО ГИ ОТКРИВАМЕ УБАВИНИТЕ, КУЛТУРАТА И ТРАДИЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Во рамки на нашата Студиска посета (Study Visit) реализирана во рамките на проектот „Лицата со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, финансиски поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија, нашите гости имаа можност да уживаат и во слободното време, да прошетаат, да ги запознаат убавините на нашите места, да се дружат и да создадат прекрасни заеднички спомени. ✨
Нашите гости од Србија и Босна и Херцеговина ги прошетавме низ Езерото Младост во Велес, Куќата на Касапови, Куќата на Васил Главинов, Куќата на Кочо Рацин, места кои сведочат за богатата историја и културното наследство на Велес, потоа во Винаријата Стоби, Античкиот локалитет Стоби, патување низ вековите и запознавање со античкото наследство, а имавме можност и за средби и размена на искуства со Градоначалникот на Општина Градско и Градоначалникот на Општина Росоман. 🏛️
Во Скопје уживавме во прошетката низ Старата Чаршија, Плоштад Македонија, Музеј на македонската борба за самостојност откривајќи ја богатата историја, култура и живиот дух на главниот град. 😊
Посебно значајна беше посетата на малите групни домови од услугата „Живеење со поддршка“ во Градско, можност да се запознаат со практиките, искуствата и секојдневието на лицата кои живеат во тие заедници. 🏡
За крај, оваа студиска посета беше прекрасно искуство исполнето со нови знаења, убави средби, искрено дружење и незаборавни моменти. Благодариме на нашите гости што беа дел од ова прекрасно патување и што заедно создадовме спомени кои долго ќе ги паметиме! 🤝

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес