На ден 04.03.2025 година во општина Градско во посета на малите групни домови, кои се дел од социјалната услуга “Живеење со поддршка”, беше заменик Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.
При посетата заменик министерот се сретна со вработените на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
На заменик министерот му ги презентиравме трите социјални услуги:
– Живеење со поддршка
– Помош и нега во домот и
– Лична асистенција
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес е лиценциран и овластен давател на социјални услуги и моментално на територија на општина Градско има вкупно вработено 26 негувателки и лични асистенти. На територија на општина Росоман има вработено 6 негувателки и координаторка на социјалната услуга Помош и нега во домот.
Продолжуваме посветоно со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади.