ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

Промоција на книгата “Сите сме исти” на авторката Зорица Палитова

Денес по повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден за лицата со попреченост, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес во просториите на Europe House Veles организираше промоција на новата книга “Сите сме исти” на авторката Зорица Палитова.

Ова е шеста книга по ред на Зорица, со поддршка на ЗЛЦПДП- Велес, а за нејзината промоција од срце и благодариме на Наташа Брезовска-Богоевска. Огромна благодарност до учениците од ООУ “Св. Кирил и Методиј”, Јордан Андов и Александра Анѓушева кои рецитираат и читаа дела од книгата.

Благодариме од срце на сите присутни кои беа дел од овој преубав настан! Со Вашето присуство дадовте поддршка на Зорица и сите лица со попреченост!

 

ЗЛЦПДП - ВЕЛЕС

ОПШТЕСТВО СО ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ!

Социјални мрежи

© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес