„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ е хуманитарна, непрофитна организација, формирана на 12.09.1997 година од страна на лица со попреченост и нивни родители.
Во организацијата членуваат лица со церебрална парализа, даунов синдром, интелектуална попреченост, аутизам и други попречености.
1. Овозможување социјални услуги за лицата со попреченост.
2. Социјална вклученост и вработување на лица со попреченост, вклучително и жени и девојчиња преку пристапот на социјалнот претприемништво.
3. Родова еднаквост на жените и девојките со попреченост и економско јакнување на жените.
4. Подобрување на здравјето и пристапот до здравствени услуги за жените и мажите со посебни потреби.
5. Зголемување на свесноста на локалната заедница за потребите од подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост и нивна вклученост во општествените текови.
ПОСВЕТЕНОСТ – Ние сме ентузијасти и правиме работите да се случуваат заедно за потребите на корисниците.
ПОЧИТУВАЊЕ – Ние сме сочувствителни, инклузивни и ставајќи ги луѓето на прво место.
ЕТИКА – Ние сме одговорни и го правиме тоа што велиме дека ќе го направиме.
ОТВОРЕНОСТ ЗА СОРАБОТКА – Функционирањето во мрежи на соработка придонесува за поголемо влијание за промена на животот на лицата со поречености.
ПРОФЕСИОНАЛНОСТ – Ние сме тим на професионалци со вештини да им помогнат на лицата со попречености.
ОТЧЕТНОСТ – Транспаретно известуваме за секој потрошен денар и одлука која сме ја донеле.
ЉУБОПИТНИ – Размислуваме поинаку и гледаме начини како да се подобрат работите.
ХРАБРИ – Зборуваме и го правиме тоа во што веруваме.
Родена 1974 година, во моментот претседател на ЗЛЦПДП- Велес, по образование Дипломиран економист со последипломски струдии М-р по Психологија во социјалната заштита.
Инспиративна порака: „Живееме од она што го добиваме, но го исполнуваме животот со она што го даваме.“
✉️ daliborkacp@yahoo.com
Родена 1998 година, во моментот координатор на социјална сервисна услуга „Помош и нега во домот“, по образование Дипломиран Специјален едукатор и рехабилитатор.
Инспиративна порака: „Иднината им припаѓа на оние кои што веруваат во убавината на своите соништа.“
✉️ maja.zlcpdp.veles@gmail.com
Родена 1989 година, во моментот координатор на социјална сервисна услуга „Помош и нега во домот“, по образование Дипломиран Психолог.
Инспиративна порака: „Кога сите соработуваме само небото е граница.“
✉️ manuela.zlcpdp.veles@gmail.com
Родена 1976 година, во моментот координатор на социјална услуга „Живеење со поддршка“, по образование Дипломиран Социјален работник.
Инспиративна порака: „Не можеш да ги смениш случувањата, но можеш да ги смениш мислите.“
✉️ dragica.zlcpdpveles@gmail.com
Влада на Република С. Македонија | Министерство за социјална политика, демографија и млади | Единици на локална самоуправа (ЕЛС) | Организации на граѓанското општество | Домашни и меѓународни донаторски организации и институции | Амбасади во Република Македонија | Медиуми
Лицата со попреченост вклучително и жени и девојчиња | Вардарски плански регион и Општини | Партнерски граѓански организации | Влада на Република С. Македонија | Министерство за образование и наука | Министерство за труд и социјална политика
1. Програма „Живеење со поддршка“.
2. Програма „Помош и грижа во домот“.
3. Одгледување лековити билки и создавање производи од нив.
4. Економско зајакнување на девојчињата и жените со попреченост и нивна работна обука.
5. Развој на инклузивен туризам на езерото Младост.
6. Менаџирање на „Паркот на срцата“ и пристаништето за лица со посебни потреби, вклучително и жени и девојчиња, преку ианзајмување адаптирана опрема за рекреација на вода и возење трицикли.
7. Следење и спроведување на стандардите за човекови права на жените и девојчињата со попреченост.
8. Подобрување на здравјето и пристапот до здравствени услуги за жените и мажите со посебни потреби.
9. Зајакнување на мрежи на локални организации кои работат со лицата со попреченост вклучително и жени и девојчиња.
10. Кампањи за превенција на дискриминација на лицата со попреченост вклучително и жени и девојчиња.
11. Превенција преку информирање и развој на вештини на лицата со попреченост вклучително и жени и девојчиња.
12. Поддршка и помош за семејствата на лицата со попреченост вклучително и жени и девојчиња (преку информации, психосоцијална поддршка, хуманитарна помош, итн.).
13. Превземање заеднички ад-хок иницијативи и партнерства со други организации и институци во застапување за подобрување на условите на лицата со попреченост вклучително и жени и девојчиња.
© 2025 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес