На 09.02.2022 година беше промовиран првиот групен дом за поддржано живеее на лицата со попреченот деинституционализирани од С. З. „Демир Капија“.
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес стана овластен давател на услугата “Живеење со поддршка” и се очекува да отвори пет дома. Реконструкцијата на куќите, опремувањето со инвентар и опстанокот на услугата во првите пет месеци е поддржано од невладината
CeProSARD преку проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” ТИМОР со финансиска поддршка на Европската Унија.
Опстанокот на услугата треба да продолжи со поддршка МТСП преку потпишување управен договор, поддршка од локалната самоуправа, бизнис секторот и др.