„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ е хуманитарна, непрофитна организација, формирана на 12.09.1997 година од страна на лица со попреченост и нивни родители. Во организацијата членуваат лица со церебрална парализа, даунов синдром, интелектуална попреченост, аутизам и други попречености.
30+ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ
50+ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ
100+ ЛИЦА ЧЛЕНОВИ
ВИЗИЈА – Целосна прифатеност и вклученост на лицата со попреченост во Вардарскиот регион и во целата држава.
МИСИЈА – Организација која овозможува социјални услуги за лицата со попреченост вклучително жени и девојчиња, за нивна подобра вклученост во општеството преку пристапите засновани на почитување на човекови права и искористување на концептите на социјално претприемништво и економско зајакнување на жените.
ЖИВЕЕЊЕ СО ПОДДРШКА
Наменета за лица со попреченост која обезбедува независно живеење на корисниците во станбена единица со поддршка од страна на стручни лица или други лица во остварување на основните и инструменталните активности во секојдневниот живот на корисниците.
ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ
Наменета за стари лица и лица со попреченост, индивидуализирана во смисла на поддршка во делот на одржување на лична хигиена, задоволување на физиолошките функции, исхрана, купување на прехранбени продукти, обезбедување на лекови, одржување на хигиена во домот, контрола на витални функции, прошетки во домот и надвор од домот, односно остварување на основните и инструменталните активност и задоволување на елементарните потреби на едно лице.
ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА
Наменета за лица од 18 до 65 годишна возраст, со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги врши без поддршка. На лицето со попреченост му се обезбедува поддршка во вршење на основни и инструментални активности во домот, на работното место, во заедницата и други активности од интерес на лицето.
Телефонски број: +389 75/403-303
Email: zlcpdpveles@gmail.com
Локација: Ул. Архепископ Михаил, 156 – Велес, Р.С. Македонија
Секој од нас има моќ да направи промена во животот на оние кои имаат најголема потреба. Без разлика дали е малку или многу, секој придонес прави разлика.
Со вашата поддршка можеме да обезбедиме подобри услови за нашите корисници.
КАКО ДА ДОНИРАШ?
Можете да донирате на следниве начини:
– Преку банкарска сметка 290 000027317288 – ТТК Банка АД Скопје
– Лично да донесете храна или облека во просториите на нашата организација
Со вашето учество не само што помагате, туку станувате и дел од една поголема приказна – приказна за надеж, љубов и солидарност. Правејќи добро за другите, правите добро за себе! Оваа порака споделете ја со другите, бидејќи… „Сами можеме да направиме малку, заедно можеме да направиме многу!“ – Хелен Келер
Од срце Ви благодариме за вашата добрина и великодушност!
ЗЛЦПДП – Велес